ФОТО: Мистериозно русокосо девојче пронајдено во ромска населба во Грција
Во ромска населба кај Лариса во централниот дел на Грција,пронајдено е русокосо девојче кое живее со ромско семејство. Грчката полиција побара и меѓунардона помош во откривањето на нејзиниот идентитет.
ДНК анализата покажала дека мажот и жената во чија куќа живеело девојчето не се во никакво сродство со неа.
Девојчето, се вика Марија, има четири години, нагласено руса коса и сини очи.Таа е префрлена во хуманитарен центар од каде е покрената потрагата по нејзините родители. Социјалните служби стравуваат дека девојчето можеби е жртва на киднапирање или трговија со луѓе. Според нејзините карактеристики - светлиот тен, русата коса и сините очи наликува дека „потекнува од Северна или Источна Европа“.
Наводните „мајка“ и „татко“ давале контроверзни изјави за тоа од каде им е Марија, а во текот на распитот и често ги менувале своите искази. Сомнежот кај полицијата се зголемил дополнително откако утврдиле дека од документите произлегува дека жената за десет месеци родила шест деца. Против нив покрена обвиненија за „киднапирање малолетници“.
Малата Марија била принудувана да питачи низ улиците на Лариса.