Ограбен скопскиот хотел "Вип" - еве што земал крадецот

Крадците дефинитивно не запираат. Синоќа во Скопје бил ограбен хотелот „Вип“ каде непознат сторител влегол и одзел ледомат, две куќишта од  компјутер, два монитори од компјутер, лап-топ, пет ЛЦД телевизори, камера од рецепцијата, две уметнички слики и ресивер за Wi-Fi.

На овој начин, крадецот снаправил штета од околу 349.680 денари.

Инаку, кражбата била извршена на тој начин што вандалот со употреба на погоден предмет делувал на бравата од влезната врата влегол внатре и ги одзел предметите по што избегал во непознат правец.

Полицијата трага по сторителот.

19.10.2013 - 12:26
Фото: 
Сител

најчитано сега