Крадел паричници од соблекувални на хотел во Битола

Во текот на вчерашниот ден крадец од Битола влегол во хотелот „Капри“ преку задната врата и од машката и женската соблекувална одзел неколку паричници и ташни во кои имало околу 22.000 денари, картички од повеќе банки и разни документи.

26-годишната А.У. го затекнала крадецот во женската соблекувална, по што истите почнале да се влечат при што девојката успеала да му одземе еден од украдените паричници, по што крадецот избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

19.10.2013 - 11:54
Фото: 
Хитпортал

најчитано сега