УЕФА одложи два натпревара во Лигата на Европа
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одложи два натпревари во Лигата на Европа. Станува збор за натпреварите Севилја – Рома и Интер – Гетафе, мечеви во рамки на осминафиналето.
Причина за ваквата одлука е коронавирусот кој направи големи проблеми во светот, а воедно го погоди и фудбалот, поради што неколку лиги меѓу кои и Серија А се одложени.
Имено, откако на авионот на Рома не му било дозволено да слета во Шпанија, УЕФА реагираше и воедно донесе разумно решение за многумина.
Исто е и со натпреварот помеѓу Интер и Гетафе во кој „нероаѕурите“ требаше да бидат домаќини. Овој натпревар е одложен затоа што Италија е целосно блокирано.
Се уште не познато кога овие натпревар ќе се одиграат, но јасно е дека УЕФА сега е во проблем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа