Роналдињо може да мине шест месеци во затвор пред да почне судењето
Поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто беа уапсени во средата во Парагвај поради користење лажни пасоши.
Двајцата беа притворени, а Судот не им дозволи да излезат со кауција, бидејќи има можност давајцата да избегаат и потоа да не се појават на судење. Роналдињо и неговиот брат ќе останат во притвор додека не биде закажано судење, а тоа најмногу може да биде шест месеци.
Фудбалерот, кој беше во посета на Асунсион поради маркетиншки цели, се правдал дека бил измамен и мислел дека пасошите му се доделени како подарок од парагвајските власти. Наводно не знаел дека пасошите се лажни. Роналдињо всушност не смее да го напушти Бразил, бидејќи остана без пасош. Судот во неговата татковина му го одзема поради неплатена казна од 8,5 милиони евра.
Тој и неговиот брат изградиле нелегален рибник на езеро во Бразил и прекршиле неколку еколошки закони. Откако им беше доделена парична казна, тие не ја платија, па затоа останаа без патни исправи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа