Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави

 

По скандалот со апсење на Роналдињо, еден од најдобрите светски фудбалери во првата деценија на 21 век, во јавноста се обрати и неговиот адвокатски тим.

– Тој е наивна будала. Не знае што прави и не го сфаќа прекршокот што го направи. Роналдињо не знае дека му се дадени лажни документи, изјави адвокатот Адолфо Марин.

Тој, исто така, рече дека судијата не го почитува фактот дека Роналдињо е татко и наместо да биде со неговиот син, кој денеска слави роденден, тој дава изјави пред судот во Парагвај.

Вториот адвокат, Ектор Касерес истакна дека наскоро ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат наредните чекори за одбрана на славниот бразилски фудбалер.

– Роналдињо направи се, соработува и заслужува да биде пуштен во домашен притвор, нагласи Касерес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега