Серија А еден месец без публика
Властите во Италија најверојатно ќе наредат сите натпревари од фудбалската Серија А во наредниот месец да се играат без публика поради епидемијата на коронавирусот.
Ова го изјави министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафор.
-Одиме кон таа одлука. Ги продолжуваме сите активности, па така и лигата, но ќе го почитуваме јавното здравје, изјави Спадафор пред новинарите по итниот состанок на министрите на италијанска влада во Рим.
Фудбалскиот сојуз ги одложи реванш натпреварите од полуфиналето на Купот меѓу Јувентус – Милан и Наполи – Интер.
Во последните две недели одложени се осум натпревари во Серија А, вклучително и најголемото дерби меѓу Јувентус и Интер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа