Трагедија во Франција: Навивач почина на трибини за време на натпревар – бил заедно со синот
Голема трагедија ја погоди Франција кога пред крајот на првото полувреме на натрепварот меѓу Ним и Марсеј (2:3) почина навивач на домашната екипа.
Станува збор за 39-годишниот Седрик Дебел кој на стадионот бил заедно со својот син и наводно паднал на скалите кои водат до тоалетот. Итната медицинска помош се обидела да го одржи Дебел во живот, но тој настрадал како последица на срцев удар.
-Со голема тага клубот ја прими веста за смртта на Седрик, навивач на Ним и сопственик на сезонска карта на јужната трибина. Клубот искажува искрено соучество на семејството на Седрик и неговите сакани. Во договор со семејството, во чест на Седрик, на следниот натпревар со Бордо на 21. Март ќе му оддадеме почит. Заработката од тој меч ќе биде во целост подарена на неговиот син, Лоику, се вели во соопштението на францускиот клуб Ним.
Communiqué du Clubhttps://t.co/zQTgGoVHGP
— Nîmes Olympique (@nimesolympique) March 2, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа