Нова странска инвестиција - турска компанија ќе гради фабрика во Бунарџик

Претседателот на владата, Никола Груевски, денеска при посетата на Жабени најави нова странска инвестиција. Овој пат се работи за турска компанија која произведува уринарни катетри и друга медицинска опрема, а одлучила да гради фабрика во Бунарџик 1. 

- Неодамна најавив две нови турски инвестиции и сега можам да кажам дека договорот за едната помина на седница на Влада и таа компанија одлучи да се смести во зоната Бунарџик-1. Станува збор за компанија која ќе инвестира во делот на медицинска опрема и ќе произведува уринарни катетри, а ќе произведуваат и друга медицинска опрема. Во период од две години ќе вработат 250 лица, на почеток 100, а потоа останатите до 250 лица и ќе инвестираат 9 милиони евра. Договорот помина на Влада. Следува потпишување на договорот и почеток за изградба на фабриката, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата во Битолско.

Најави дека договорот за втората компанија ќе биде на наредна седница на Владата, но не подоцна од еден месец, а потоа и таа компанија од Турција ќе почне со својата инвестиција која, како што рече, е од областа на медицинската индустрија која ќе вработи 250 лица, посочи премиерот Груевски.

18.10.2013 - 16:32
Фото: 
Денешен

најчитано сега