МВП наградата на Ол-стар натпреварот ќе го носи името на Коби Брајант
Нова НБА почест за неодамна загинатиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Наградата за МВП на Ол Стар викендот ќе биде именувана по него во иднина. Ова го потврди Комесарот на лигата, Адам Силвер на официјалната опрес-конференција пред централниот настан на годинашниот спектакл во „Стејлпс Центар“ во Чикаго.
– Размислувавме кој е најдобриот начин да му оддадеме признание. Се случи неговото заминување да биде пред почетокот на Ол Стар викендот, а токму овие мечеви одбележаа дел од кариерата на Брајант. Беше учесник 18 пати и рекордер е со четири МВП признанија. Ова, според сите нас, е најдобар начин да му оддадеме почит, рече Силвер.
„Коби Брајант“ наградата за МВП ќе биде актуелна од овој Ол Стар викенд, па затоа и очекувањата за засилување на натпреварувачката страст, со оглед дека, речиси, сите кои ќе учествуваат во спектаклот ќе сакаат да бидат нејзини први освојувачи.
Брајант на Ол Стар мечевите дебитира во 1998 година и со своите 19 години кога стана и најмлад учесник во вечерта на сите ѕвезди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа