ВИДЕО: Епско финале во забивање

 

Кошаркарот на Мајами, Дерик Џоунс Џуниор славеше на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот во Чикаго, откако во финалето го победи Арон Гордон од Орландо меџик.

Натпреварот беше доста контраверзен со оглед на тоа дека судиите потврдија дека сакале да победата да им ја доделат на двајцата кошаркари, кои имаа исклучително квалитетни и атрактивни забивања.

Гордон дури и најави дека веќе се откажува од овие натпревари, бидејќи беше разочаран што по втор пат во кариерата не го понесе трофејот за најдобар забивач. Џоунс Џуниор пак од друга страна исто така го заслужи трофејот и го повика својот ривал на реванш.

Гордон и Џоунс во финалната рунда имаа перфектни 50 поени, односно сите пет судии им поделија по десетки, а потоа истото и во следната рунда. Во втората рунда, кошаркарот на Мајами доби 48 поени, додека Гордон 47 иако го прескокна 226 сантиметри високиот кошаркар на Бостон Тако Фол и ја заби топката.

16.02.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега