ВИДЕО: Бади Хилд е новиот шампион во шутирање тројки
Кошаркарот на Сакраменто кингс, Бади Хилд победи на турнирот во шутирање тројки на Ол-стар викендот во Чикаго во рамки на НБА-лигата.
Момчето од Бахамите во финалето ги победи Девин Букер(Феникс) и Давис Бертанс (Вашингтон). Хилд во финалната рунда постигна 27 поени од можните 40, додека Букер имаше само еден помалку, а Бертанс 22.
Ланскиот шампион Џо Херис (Бруклин) беше елиминиран во првата рунда, заедно со Трае Јанг од Атланта, Девонте Греем од Шарлот, Данкан Робинсон од Мајами и домашниот фаворит од Чикаго, Зек Левин.
16.02.2020 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа