Хрватот се нуди на Јуве: Пјаниќ е потценет, би сакал да играм со Роналдо

 

Иван Ракитиќ повеќе не е недопирлив во средниот ред на Барселона како што беше случај пред ангажманот на Френки де Јонг од Ајакс. Го напаѓа и возраста, па не е чудо што последните преодни рокови се поврзува со трансфер во Јувентус.

На таа тема, Ракитиќ говореше во интервјуто за американски „Бличер Рипорт“ и уште еднаш ги подгреа гласините за негова можна преселба на Апенините на лето.

„Миралем Пјаниќ, според мене, е еден од најпотценетите фудбалери на светот. Неодамна и Жозе Мурињо говореше за мене во тој контекст, но и Пјаниќ е во таа конкуренција“, изтакна меѓу другото Ракитиќ.

Тој веќе неколку сезони игра со Лионел Меси, но сега тврди дека би сакал да заигра и со најголемиот индивидуален ривал на Аргентинецот, Кристијано Роналдо.

„Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња и привилегија е да се биде со него во тим. Но, би сакал да заиграм и со Кристијано Роналдо, кој, исто така, е еден од најголемите имиња во историјата на фудбалската игра. Уживање е да се гледаат неговите настапи. И сами може да видите колку е важен за Јувентус“, рече хрватскиот репрезентативец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега