Лига на нации: Цената на билетите за натпреварот, Македонија – Косово ќе биде по 300 и 400 денари
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница закажа редовно Годишно Собрание на 21 март. Собирот на делегатите ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ и на него, меѓу другото, ќе биде разгледани финансиските извештаи за 2019 година и се очекува да биде усвоен и предлог буџетот за 2020 година.
Членовите на УО на ФФМ ги усвоија и цените на влезниците за меч меѓу Македонија и Косово во Скопје во рамки на полуфиналето во Лига на нации. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината. За домашните навивачи ќе биде резервиран „Западот“ на кој ќе се влегува бесплатно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа