Полска се запозна со туристичките потенцијали на Македонија

Македонија ги претстави своите туристички потенцијали на Саемот за туризам кој се одржува во Полска. 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од Македонија пред потенцијалните туристи и заинтересирани туроператори и туристички агенции од Полска ги претстави сите потенцијали и убавини на земјава.

-Беа остварени средби со претставници на полската авио компанија „Еуро Лот“. Според статистичките податоци во првите шест месеци на 2013 година, бројот на полски туристи е зголемен за 73 отсто во споредба со 2012, очекувањата на туристичките работници од Македонија е зголемување на полските туристи и во текот на наредната година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, пренесе Курир.

18.10.2013 - 11:35

најчитано сега