Санчо пред вратите на Манчестер

 

Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд би можел на лето да се пресели во Манчестер Јунајтед, јавуваат германските медиуми. Фудбалерот веќе со месеци е мета на „црвените ѓаволи“, но и на друго големи клубови. Инаку, доколку замине во Јунајтед, тој ќе се врати во градот од каде што замина пред три години, кога од Манчестер сити се пресели во Дортмунд.

Германски „Скај спорт“ проценува дека трансферот нема да биде помалку од 12 милиони фунти, но сепак, се очекува и други клубови да пројават и официјален интерес за Англичанецот.

Директорот на Борусија Дортмунд Михаел Зорц неодамна нагласи дека клубот нема добиено понуда за Санчо и возратил со насмевка кога бил запрашан за играчот.

Младата надеж на Англија оваа сезона постигна 15 гола и запиша 17 асистенции во 29 меча за Борусија од Дортмунд. Она што се чека е официјален потег на Оле Гунар Солскјер и Манчестер јунајтед кои не саакат да креваат многу прав околу трансферот на младиот фудбалер, а со тоа и на неговата цена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега