Косово прогласи за виновни Албанци поради терор врз Срби
Судот во Косово изрече затворски казни за десет Албанци, тие се прогалсени за виновни за извршување на терористички акт при напад врз српски полициски пункт во 2012 година.
Нападот бил извршен со цел поттикнување на конфликт и да биде изнудено вмешување на меѓународната заедница, посочи вчера група судии од Косово и ЕУ.
Според судиите обвинетите извршиле организиран напад врз полициски пункт во регионот на Јужна Србија, населен со етнички Албанци.
Обвинетите добија затворски казни од 26 месеци до девет години за извршување терористички дејности, учество во терористичка група и незаконска употреба и продажба на оружје
18.10.2013 - 10:23