ВИДЕО: Хуман поштар кој го воодушеви Балканот

 

Филип Фичлиповиќ од Србија работи како поштар во далечните села на јужниот дел од земјата, тој набрзо сфатил дека работата нема да му биде само носење пратки.

-Знаев дека нема да можам да завртам глава и да бидам слеп за реалноста, за условите во кои живеат овие деца, без ништо, како и за  осамените и напуштени старци, вели овој 30-годишен поштар.

Филип  носи пратки  на  десетина села на границата со Косово и патува по лош пат од поштата во Куршумлиска бања.

-Кога видов дека децата мораат да пешачат секој ден по 10-15 километри за да отидат во школо, живеат без струја и без вода, многу често во една соба со родителите, одлучив некако да им помогнам, вели тој.

-Си реков себеси дека морам нешто да направам. На неколку километри од цивилизацијата на 21 век имаме заборавени луѓе кои се уште се во 19 век, додава поштарот.

Филип прво ја реновирал поштата каде се наоѓало и локалното основно училиште, а сето тоа го направил со сопствени пари. Но и покрај сето тоа, Филип со платата од 300 евра месечно носи чоколади за децата од селата.

-Нема веќе ниту продавници во селата, па на жителите им носам и потребни намирници, вели овој млад човек.

Жителите кои живееат во селата го доживуваат Филип како ангел чувар.

 

18.10.2013 - 09:38

најчитано сега