Денеска ќе биде отворена фабриката "Кромберг и Шуберт" во Жабени

Во индустриската зона Жабени во Битола денеска ќе биде отворена фабриката Кромберг и Шуберт. Се работи за германска инвестиција од 20 милиони евра која беше најавена во мај минатата година.

Компанијата ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а производите ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили БМВ, Мерцедес, Ауди... Вработува повеќе од 23.000 луѓе ширум светот, а во Македонија најави вработувања на 2.500 работници.

Во септември годинава во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ веќебеа вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања за до крајот на годинава.

На отварањето ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

18.10.2013 - 09:39
Фото: 
Кајгана

најчитано сега