Премиерот Груевски на отварањето нов погон на „Кромберг и Шуберт“ во Жабени

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска работно ќе ја посети општината Битола и битолско.

 

Предвидено е премиерот да присуствува на отворање на нов погон на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, а потоа и да го пушти во употреба локалниот пат село Граешница – село Кишава, како и локалниот пат Рибарци – село Гнеотино во Новаци.

Потоа, Груевски ќе присуствува на промовирање на лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

 

18.10.2013 - 09:16

најчитано сега