Бешлиев: Огромен потенцијалот за економска соработка меѓу Македонија и Русија

Потеницијалот за економска соработка меѓу Македонија и Русија е огромен. Размената оди во нагорна линија, но се уште не е достигната онаа рекордната остварена во 1991 година од една милијарда долари. Во првите седум месеци од годинава достигна 150 милиони долари, со учество на македонскиот извоз од 15 милиони долари. Поттик на размената може да даде потпишување на договор за слободна трговија, прашање кое се поставува од македонска страна на секоја седница на Мешовитата меѓувладина македонско-руска комисија, која треба да одржи седница наредната недела, вели извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев во интервју за МИА.

- Бројките велат  секогаш говорат вистина, а најголемата размена некогаш постигната е 1 милијарда долари остварена во 1991 година со прекрасен баланс од по 500 миниони на двете страни. Балансот во последните години е страшно нарушен, значи Македонија не може да ги постигне тие бројки. Од друга страна Руската Федерација учествува во нашиот увоз, со 90 проценти, што не е добро за нас, но не е добро и за нив. Од тие 90 проценти размена најголемито дел отпаѓа на енергенси. Ние во последните години идниректно или директно со нашите активности успеавме да поттикнеме соработка и таа придонесува до зголемување на бројките. До пред кризната 2009 година се дојде до 969 милиони долари размена, при што околу 300 милиони беа на македонска страна, 600 милиони на руска страна. Меѓутоа по кризната 2009 година имавме пад на размената кој се движше во рамки на околу 200 до 300 милиони долари годишно и сега повторно во 2012-2013  повторно имаме пораст на таа трговска размена. И ако ја погледнеме годинава е подобра. Тоа е нешто што мора да се трудиме да го надминеме. Таа бројка од 20 – 30 милиони е недоволно, иако сега во последниот кваратал ќе порасне бидејќи таков е видот на производите што ги пласираме, меѓутоа сме се уште далеку, а имаме простор, вели Бешлиев за МИА.

Тој смета дека причина за ваквата мала размена е немањето договор за слободна трговија и што голем дел од производите од Македонија се увезуваат во Русија индиректно од Србија.

- Значи огромна количина производи, а притоа и на извоз во апсолутен број се води како извоз во други земји, поточно од Србија. Конкретно земјоделските производи во огромна количина и процент излегуваат од РМ и завршуваат на рускиот пазар, но преку Србија. Причината за тоа е слободна трговска размена, односно 1 процент на царина која што ја плаќаат руските увозници кога увезуваат стока, односно стока од Република СРбија, посочува Бешлиев.

Бешлиев вели дека ова прашање се отвора на секоја едница на Мешовитата меѓувладина македонско-руска комисија и смета дека доколку се потпише ќе се подобри оваа слика со бројките и Македонија повеќе но сигурно ќе се пробие многу полесно на рускиот пазар.

Според него, рускиот пазар е голем за нашите компании, но порачува дека треба да се фокусираме на неколку региони, бирајќи северен и јужен, каде може да се пласираат земјоделски производи, пијалаци, но и текстил. Интерес од македонските компании има, посетуваат саемски манифестации, одржуваат комуникација со увозници во Москва.

Лидер на пазарот е Алкалоид, исто така се извезува и софистицирана опрема, земјоделски производи, потоа вина, ремени за автомобили, но извезуваме и текстил и прехранбени конзервирани производи.

За руските инвестиции истакнува дека во Македонија се присутни но главно во енергетскиот сектор. Договорот за Јужен тек очекува да привлече повеќе инвеститори, па и од финансискиот сектор.

18.10.2013 - 08:51
Фото: 
Lider.mk

најчитано сега