Сточарите бараат да се брендира дебарското сирење

 Дебарските сточари бараат сирењето што се произведува во овој крај да биде брендирано бидејќи, како што велат тие, ги  исполнува сите услови за да добие трговска маркичка.

Претседателот на Здружението на дебарските сточари „Дешат“ Скендер Аме, вели дека барањето за брендирање е и официјално соопштено на работилницата што ја организира Центарот за развој на југозападниот регион.

- Сточарите од нашиот крај се познати по традиционалната подготовка на белото сирење. Можно е да го злоупотребат трговци од други делови на Македонија и затоа бараме сирењето да биде дебарски бренд, изјави Аме.

Во дебарскиот регион кој располага со богати, сочни пасишта на кои пасат над 35.000 грла ситен добиток, годишно се произведуваат 350 тони сирење, а бруцелозата е искоренета.

Аме денеска истакна дека тој и уште двајца сточари, од Галичник и Лазарополе, учествувале на Меѓународниот саем за млечни производи во Италија, каде дебарското сирење добило високи оценки за квалитетот од експерти и од посетители. 

17.10.2013 - 15:23
Фото: 
lady.mk

најчитано сега