ФОТО: Ѓоковиќ со потресна порака за Коби Брајант

 

Најдобриот тениски ас Новак Ѓоковиќ, се прости од легендата на кошарката и спортот, Коби Брајант, кој заедно со својата 13-годишна ќерка и уште неколку лица, вчера загина во страшна несреќа.

- ,,Моето срце навистина жали. Коби беше голем ментор и пријател. Немам доволно зборови за да ги изразам моите најдлабоки сочувства до семејството Брајант и до секое семејство чии членови настрадаа во оваа трагедија.

 

Нека Бог ве благослови тебе и твојата Џиана. Ви благодарам што бевте таму за мене и го инспириравте целиот свет. Ви благодарам што им покажавте на сите спортисти како да се натпреваруваме и да го почитуваме спортот. Ви благодарам за најголемото наследство што го оставивте заедно за сите нас. Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка која ширеше позитивна енергија насекаде. Ти и твојата ќерка ќе живеете засекогаш – во нашите срца. RIP amico mio. Ti voglio bene„-напиша тенисерот Новак Ѓоковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега