Навиваме за победа: Македонија попладнево се соочува со домаќинот Австрија
Ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 18:15 часот против селекцијата на Австрија ќе го одигра третиот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.
По минималниот триумф над Украина и поразот од Чешка во Виена македонските ракометари денес ги очекува нов предивик на еврошампионатот без право на грешка.
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац вчера изјави дека тимот оди на победа во последниот меч против домаќинот Австрија.
Тој вели дека иако на почетокот на првенството повеќе стравувал за играта во одбраната, сега повеќе му „шкрипи“ во нападот.
-Подготовката е иста, одиме на победа, поразот со Чешка веќе е архивиран, и сите сме насочени што подобро да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме време, имаме можности, имаме квалитетни одбранбени играчи, кои, иако стравуваме на почетокот на првенството дека одбраната ќе ни биде проблем, но и јас сум тој што повеќе посветува внимание на одбраната и повеќе состаноци имаме со нив, можам да кажам дека повеќе ми „шкрипи“ во нападот, отколку во одбраната. Повеќе ни шкрипи во таа одбрана 6 на 5, имаме помала креативност на самите играчи, имаме слаба реализација, имаме слаба поставеност, изјави Брестовац.
Според него, репрезентацијата досега никогаш немала вакви проблеми, но и нема доволно време кога да се променат работите. Сепак тој не се откажува од позитивен епилог на утрешниот меч.
Бојан Лах и Давид Сок од Словенија ќе ја делат правдата на дуелот од групата „Б“ помеѓу Македонија и Австрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа