Таткото на Ѓоковиќ одговори на нападите: Новак е националист, а Косово е срцето на Србија (ВИДЕО)

 

Новак Ѓоковиќ денеска се најде во центарот на вниманието на овие простори откако доби критики од амбасадорот на Косово во Бугарија, Едон Цана на кого не му се допаѓаше славењето на српските тенисери во соблекувалната по триумфот во АТП Купот.

Одговорот на нападите од Цана дојде од таткото на Ѓоковиќ, Срѓан.

„Од каде и да сте, Новак е националист, нормално како што сум и јас и мнозината од луѓето во оваа земја. Тоа не е ништо лошо. Ние го сакаме својот народ и својата земја , но не ги мразиме туѓите народи и туѓата земја. Вие влеговте во нашата земја и да знаете, тоа е нашата света земја како што за Евреите тоа е Ерусалим.

Според тоа, ние секогаш ќе бидеме со нашето Косово и нашиот народ кој живее таму. Нема да се смени ништо во наредните 10, 20, 100 или 1.000 година. Косово секогаш ќе биде срцето на Србија“, одговори Срѓан Ѓоковиќ, таткото на српскиот тенисер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега