Кредит од три милијарди евра Србија планира да земе од Обединетите Арапски Емирати
Србија сака да земе кредит од две или три милијарди евра од Обединетите Арапски Емирати
Токму поради ова првиот вицепремиер во српската влада Александар Вучиќ на 26 октомври ќе отпатува во Абу Даби.
Белград досега имаше постигнато договор за кредит во вредност од 400 милиони долари од Фондот за развој на ОАЕ и уште 400 милиони долари од големиот агрокомбинат „Ал Дахра“.
Покрај тоа српската Влада објави дека воведува строги мерки за штедење со цел да се намали буџетскиот дефицит.
16.10.2013 - 11:55