Пратениците ќе расправаат за ребалансот на Буџетот

 

Македонските пратеници денеска со полни раце работа. Седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за одбрана и безбедност.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вештачење во прво читање е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, додека собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе расправа по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи петто продолжение од седницата посветена на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

На дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика е Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, во прво читање и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита во прво читање.

Четири предлог-закони, сите во прво читање, се во агендата на Комисијата за одбрана и безбедност -  за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност, Законот за приватно обезбедување, Законот за оружјето и на  Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема

16.10.2013 - 09:21

најчитано сега