Шест години без нашиот ангел Тоше Проески
На денешен ден пред точно шест години Македонија се зави во црно кога остана без својот ангел Тоше Проески. И годинава 16 маратонци во чест на Тоше тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври во 6.20 часот, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше.Тие треба да стигнат денеска напладне во Крушево на неговото вечно почивалиште.
И оваа година како и секоја претходна, фановите на најголемата македонска музичка ѕвезда го организираа Ѕвезденото небо, кое како и секоја година имаше голема посетеност.
Инаку, Тодор Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“. Својата кариера ја започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, а пред шест години одбележа десет години кариера. Последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.
Нашиот ангел го загуби животот на овој ден пред шест години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Тоше дефинитивно остана непребол и за Македонија и за целиот Балкан.