Нискиот степен на образование најголем хендикеп на руралната жена

 

По повод Меѓународниот ден на руралната жена, денеска се одржа манифестација во Неготино, на која беше констатирано кој е најголемиот хендикеп на овој тип жена.

- Колку се пообразовани, толку повеќе жените земјоделки ќе бидат економски независни и инволвирани во аграрната политика. Повеќе ќе знаат за употребата на пестициди и хемиски ѓубрива што ќе значи квалитетно производство, но и заштита на животната средина, рече Љубица Џониќ од Федерацијата на фармери.

Во светски рамки руралните жени сочинуваат повеќе од една четвртина од вкупната светска популација, а низок степен на образование е евидентиран кај сите рурлани жени во светот.

 

15.10.2013 - 16:34
Фото: 
Дојче Веле

најчитано сега