Пет години од формирањето на ЕУ Инфо центарот во Скопје

 

ЕУ Инфо центарот во Скопје прослави пет години постоење. Организирани се повеќе од 1.000 настани во просториите на центарот, го посетиле повеќе од 45.000 лица, дистрибуирани се над 180.000 публикации, одговорени повеќе од 2.000 прашања на граѓаните, организирани повеќе од 100 предавања за ЕУ за ученици и студенти ширум земјата.

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека ЕУ Инфо центарот останува место отворено за сите граѓани на земјава. - Посветени сме на задачите кои самите си ги имаме зададено, а тоа е прво да се подигне свеста за ЕУ, да се распространуваат информации за ЕУ, трето да се зголеми знаењето и четврто да се поттикнува јавната дебата, изјави Орав.  

Роденденот на ЕУ Инфо центарот во Скопје му го честита и министерот за надворешни работи Никола Попоски: - Европската идеја не е нешто ново, туку двигател на овој континент низ вековите, изјави Попоски додавајќи дека и денес може да се констатираме дека ЕУ наликува на Римската империја.

Информирањето за ЕУ денес е поважно од кога било во минатото, додаде тој, посочувајќи дека некои побитни аспекти на Унијата не се видливи за граѓаните. Реалноста, според Попоски, е сосем поинаква и многу често забораваме на факти. 

- А фактите го говорат следното: ЕУ е можеби седум проценти од светското население денес, но е отприлика 30 проценти од светското богатсво, а ЕУ ужива определено ниво на економски слободи кои е тешко да се замислат надвор од тој голем економски блок, и во суштина кога ќе погледнете се работи за еден навистина среќен клуб во однос на остатокот од светот. Затоа сметам дека аспирациите на Македонија да биде дел од тој клуб, да биде попросперитетна земја, нејзините граѓани да можат слободна да патуваат и да тргуваат, бизнисите да се развиваат, со што ќе не мотивира и денес и во идниот период, истакна Попоски.    

 

15.10.2013 - 14:28
Фото: 
макденес

најчитано сега