Започнува Вино-Скоп - Дали сте подготвени за петдневната есенската сензација?

 

По седми пат оваа година започнува Вино Скоп! Од 16ти до 20ти октомври, на старата добра локација - плоштад Македонија во друштво на најдобрите македонски винарии и музички изведувачи кои сигурно ќе ги направат овие пет фестивалски вечери незаборавни.

На овој традиционален фестивал љубителите на убавото македонско вино ќе имаат можност да вкусат повеќе од  100 различни вида на вино од 15те најдобри и веќе докажани македонски винарии. Најавата на временската прогноза ветува идеални услови за дегустација и уживање во виното и будење на сите ваши сетила.

Љубителите на  добрта музика на овогодинешниот Вино-Скоп ќе имаат можност да ги слушаат: Клапа Искон од Хрватска, Monsieur Doumani - етно бенд кој доаѓа од Кипар, Skaddia World Music од Италија, а од домашните изведувачи ќе настапат : Суперхикс, Кристина Арнаудова, Тумбао Салса бенд, Драган Мијалковски, Кросроуд Блуз Бенд, Ајдаред, Владимир Четкар, Јаков Дренковски, Иван Иванов, ДЈ Славе, Бени и Нон Стоп, Бојана Атанасовска, Сара Мејс, Д Код, и др.

 

Се очекува голема посетеност на настанот како и медиумска покриеност. Вино Скоп веќе има најава од италианската радио телевизија РАИ. Како и секоја година посетителите ќе можат да уживаат во културно автентичниот амбиент на Вино Скоп. Бидете дел од една различна приказна, Вино Скоп 2013! 

15.10.2013 - 11:32

најчитано сега