Од Заев ниту збор за протести за Шиповиќ
Блокада на работата на Комисијата за 24 декември замрзнување на учеството во работата на ЗЕЛС и бојкот на првата наредна седница, на сите единици на локалната самоуправа каде што има советници на СДСМ. Закана со овие мерки социјалдемократите побараа претседателот на општинскиот совет од Центар, Мирослав Шиповиќ да се брани од Слобода. Иако повеќе медиуми најавија дека Шиповиќ утре ќе биде дочекан со протести од страна на приврзаниците на СДСМ, лидерот Зоран Заев денеска за тоа не спомна ништо. Тој порача полицијата да не го користи случајот "Машинопромет" за да ја блокира работата на општина Центар. Доколку притворот за Шиповиќ не биде укинат, Заев рече дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски средства за да се спротивстави на како што рече агресијата на власта. На премиерот му порача дека ќе ја носи цела одговорност за развојот на настаните во државата и за нарушување на меѓународниот углед на Македоија.