Утре стартува меѓународниот саем ТЕХНОМА 2013

 

На Скопскиот саем од утре започнува Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита - ТЕХНОМА 2013. Од утре па се до 19 овој месец 200 домашни и странски компании од кои 50 со групно учество од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска ќе се претстават пред македонската публика.

Паралелно со 39. издание на ТЕХНОМА 2013 на Скопски саем ќе се одржат и 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, 33. Меѓународна изложба на иновации - МАКИНОВА, како и Изложба на агромеханизација како сегмент на 63. Меѓународен саем за широка потрошувачка АГРОФУД.

И оваа како и претходните години, нтересот за учество на ТЕХНОМА воопшто не се намалува. Намален е само изложбениот простор кој ќе зафаќа 12.000 метри квадратни.

Како заеднички дел од АГРОФУД и ТЕХНОМА, според најавите, ќе биде изложувањето на агромеханизацијата во дворот пред Управната зграда на Скопски саем, а најавено е и прогласување најпроактивен земјоделец.

14.10.2013 - 12:27
Фото: 
Денешен

најчитано сега