Конечно се загреваат радијаторите на скопјани

 

Грејната сезона за потрошувачите на топлинска енергија во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром конечно стартува од вторник, 15 октомври. Скопјани, односно околу 50.000 домаќинства речиси по цела недела смрзнување, конечно ќе се разбудат со топли радијатори, пишува Вечер

Енергетската компанија Балкан Енерџи Груп (БЕГ) која ја доби лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија писмено преку официјалниот сајт на Регулаторната комисија за енергетика на РМ(РКЕ) ја информираше јавноста за стартот. Во неа се вели дека грејната сезона за 2013 и 2014 за потрошувачите на топлинска енергија кои се снабдуваат со топлинска енергија од нивната мрежа почнува од 15 октомври годинава.

Во меѓувреме регулаторите побараа од компанијата да стартува порано со грејната сезона бидејќи беа исполнети условите, односно три дена по ред во 21 часот беше измерена температура под 12 Целзиусови степени. РКЕ реагираше во неколку наврати, бидејќи и покрај нивните забелешки, компанијата не стартуваше со испораката за што можно е и одземање на лиценцата, како и парични санкции

За разлика од БЕГ од минатиот понеделникот Топланата Скопје-Север веќе почна со испорака на топлинската енергија. Според нејзиниот директор Игор Поповски со топлинска енергија се снабдени 500 корисници и 11 училишта, градинки и здравствени објекти што се лоцирани во реонот на Чаир и Бутел.

Стартуваше и испораката на топлинската енергија од ЕЛЕМ -Енергетика.Се стоплија домовите на 4.000 домаќинства и 80 јавни објекти лоцирани во Маџари, Хиподром, Триангла, Железара и Автокоманда.

13.10.2013 - 23:23

најчитано сега