Струмичанката Александра Јанева победи на овогодинешниот „Макфест“

„Врати ми го сонцето“ во изведба на младата струмичанка Александра Јанева победи на овогодинешното издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Автор на музиката и текстот кои ги собраа симпатиите од жирито и публиката е Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Владимир Дојчиновски.

Втората награда и беше доделена на Марија Бунда со композицијата „Не ме познаваш“, а третата награда му припадна на Мартинијан Кириловски, кој ја испеа „Како да те украдам“, додека најдобар дебитант на годинешното 28-то издание на „Макфест“ е Панче Илиев.

Минатогодишната второпласирана нумера „Готово е“ на Тамара Тодевска е прогласена за најслушана песна.

13.10.2013 - 10:18
Фото: 
Курир

најчитано сега