Заврши годинешната берба на грозје во Тиквешијата

Завршува гроздоберот во Тиквешијата. Како што денеска информира претседателот на регионалниот Сојуз на лозари, „Агротиквешија“ од Кавадарци, Љупчо Аризанов, завршени се 99 проценти од бербата. 

 -Во 99 проценти гроздоберот е завршен. Во ниските делови скоро и да нема грозје за берење, или има многу малку.  Во повисоките места грозјето подоцна стасува за берба и поради фактот што таму тоа подоцна созрева и подоцна ја достигнува потребната шеќерност, рече Аризанов.

Имено, Аризанов годинешната берба ја оцени како успешна.

12.10.2013 - 13:35
Фото: 
А1.он

најчитано сега