Расмусен: За да биде дел од НАТО Македонија мора прво да го реши спорот со името!

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, синоќа за време на четиридневното заседание на Собранието на НАТО во Дубровник уште еднаш го потврди ставот на НАТО кој го соопшти во Атина уште минатата година дека за Македонија да биде дел од НАТО семејството, мора најпрво да го реши спорот со името.

- „Вратата на Македонија за прием во НАТО е отворена, но прво треба да се реши името, како што беше одлучено на самитот во Букурешт во 2008 година. За жал не видовме напредок, но оваа одлука сеуште важи, вели Расмусен.

Расмусен за време на Собраниеот во Дубровник нагласи дека Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора мора да ги надминат сите проблеми за да влезат во НАТО. ИСто така, тој истакна увереност и дека Хрватска која веќе е дел од ЕУ може да има важна улога за да им помогне на останатите земји од регионот да одат напред со неопходните реформи.

- - Евроатлантските интеграции се одвиваат во добра насока, но сепак земјите кои сакаат да станат членки мора да ги направат потребните напори и неопходните реформи за да поминат низ вратата, исткна Расмусен.

 

 

12.10.2013 - 11:54

најчитано сега