Македонците бараат да се отвори конзулат на Македонија во Корча

Претставнците на Македониците во Албанија од шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов побарале отворање конзулат на Република Македонија во градот Корча.

- Конзулатот во Корча бараме да биде со конзул  и неопходната  администрација кој ќе има ингеренции исто како амбасадата. Кога нашата матична земја би отворила ваков конзулат во Корча, не мора да се патува до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, тоа ќе може да го направи конзулатот во Корча, вели Васил Стерјовски генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.

Тој додава дека од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат: -Под Корча спаѓа и Мала Преспа и селото Врник во Деволската област и повеќе други села населени со Македонци на граница со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контактите со македонското население во овој регион кое е под удар на грчката и бугарската пропаганда, додава Стерјовски.

Во Корча, тврди тој,  има грчки конзулат иако нема Грци и овој конзулат работи на асимилација на Власите, Албанците, Ромите, Египќаните па и Македонците во овој регион.

12.10.2013 - 10:22

најчитано сега