Претседателот Иванов се поклони пред споменикот на Ченто во Прилеп
Денеска по повод 11 Октомври, шефот на македонската држава, Ѓорѓе Иванов, се поклони пред споменикот на првиот претседател на президиумот, Методија Андонов Ченто.
Денеска во Прилеп македонскиот претседател ја разгледа воената изложба на македонската Армија на булеварот во центарот, а исто така и ги следеше вежбите на елитните единици на Армијата кои спуштаа луѓе од 13-катната зграда во центарот на градот.
Според потполковник Тони Јаневски, офицер за односи со јавност при здружената оперативна команда на АРМ, оваа прва изложба и демонстрација е во соработка со прилепската касарна и со локалната самоуправа во чест на празникот.
- Оваа манифестација не само што ќе го збогати овој голем ден туку и ќе покаже на кое ниво е соработката на Армијата и цивилните структури. На повеќе пунктови ги изложивме речиси сите борбени средства и опрема, а и ги покажуваме вештините на нашите единици за специјални намени, како што се вештините на апинистичката еденица од единиците за специјални намени што предизвика огромен интерес кај народот, рече Јаневски.