Беличанец-Алексиќ понуди парична помош на семејството Петрушевски чиј дом изгоре утринава

 

Денеска градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, го посети семејството Петрушевски чиј дом утрово беше опожарен. 

Општинската прес-служба соопшти дека Беличанец - Алексиќ ветила еднократна финансиска помош за семејството, а еднократен надомест ќе даде и општинскиот Совет.Висината на паричната помош ќе се дефинира откако ќе се процени колава штета е направена со пожарот.

Сезонските работници и механизацијата од општината Кисела Вода ќе работат на санирање на штетите. 

Засега е познато дека е причинета само материјална штета.

Инаку, пожарот избувна утрово во куќата на актерката Весна Петрушевска-Бејби, лоциран на улицата 365 во скопска Кисела Вода.

11.10.2013 - 12:35
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега