Прано нема - до 15 октомври скопјани нека се греат како сакаат

 

Балкан Енерџи Груп (БЕГ) , компанијата која е задолжена да ги грее најголемиот дел од жителите на Скопје ја информирала Регулаторната комисија за енергетика, дека до 15 окотомври во метроплата парно нема да има, јавува Фактор, повикувајќи се на свои извори. 

Според информациите, БЕГ нема намера да пушти парно пред стартот на грејната сезона и покрај тоа што Регулаторната комисија за енергетика во соопштение констатираше дека се исполнети сите услови за тоа. 

Сител денеска објави дека на БЕГ му виси и лиценцата за греење. Телевизијата објави дека компанијата се уште не ги ни почнала подготовките за грејната сезона, што под знак прашалник го става и ветувањето на БЕГ дека греење во Скопје ќе има, но од 15 октомври

Проблемот е сериозен и се случува речиси секоја година а штетата ја трпат Скопјани. Парно плаќаат преку цела година а греење добиваат откако компнијата сама ќе одлучи за тоа. Во меѓувреме, мора да си најдт алетрнативен начин за загревање на домовите што претставува дополнителен трошок

10.10.2013 - 20:33

најчитано сега