ВИДЕО: Чешки судија дојде пијан на натпревар, не можеше да стои на нозе

 

Навистина интересно видео деновиве со голема брзина кружи низ социјалните мрежи. На видеото се гледа како еден судија во Чешка буквално не може да стои на нозе затоа што, веројатно дошол пијан да дели правда во младинските категории.

На натпреварот против Бероун и Сланја помошниот судија, Милан Шефар се појави пијан и предизвика големо внимание кај гледалиштето.

Судијата едвај се движеше, паѓаше по теренот и со тоа ја забавуваше публиката која не обрна многу внимание на натпреварот. Снимката од целата ситуација стана вирална на социјалните мрежи, а од фудбалскиот сојуз на Чешка најавија жестока казна за судијата.

Интересно е што Шефар го отсудил целиот натпревар до крај, а по средбата шефот на судиите во записникот внесил дека судијата бил многу пијан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега