Внимавајте да не си купите лажни „Адидас“ патики - казни за две продавници во Куманово

 

 

Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост денеска изврши контрола во 10 правни субјекти во Куманово, во делот на повреда на интелектуална сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Координативното тело посети и шест здравствени установи, каде е извршена контрола во делот на поседување лиценциран софтвер.

- Сите овие контролирани субјекти поседуваат легални софтвери, вели претседателот на Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост, Мите Костов.

Во делот на повреда на индустриската сопственост, контрола е спроведна во четири правни субјекти. Од две од нив се одземени облека и обувки-брендови „пума“, „најк“ и „адидас“.

- Поднесени се соодветни казни, парична глоба од десет илјади евра, а кон одговорното лице на правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни пријави,вели Костов.

Денеска на плоштадот во Куманово беше промовирана и кампањата за борба против фалсификатите, насловена „Останете здрави,користете оригинали“. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај граѓаните за штетноста од употребата на фалсификувани производи. Надлежните апелираат дека фалсификатите не само што прават непроценливи штети на националните економии, туку се штетни и по здравјето на луѓето.

Кампањата ја спроведуваат институциите кои се дел во Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и американската стопанска комора.

10.10.2013 - 15:36

најчитано сега