Кои вина ќе ги пробате на овогодинешниот Вино-Скоп?
На овогодинешниот Вино-Скоп љубителите на убавото македонско вино ќе имаат можност да вкусат повеќе од 100 различни вида на вино од 15те најдобри и веќе докажани македонски винарии.
Асортимнски винариите ќе ги изложат своите производи, а најголема продажба и конзумација се очекува на црвеното вино кое е во склад со есенските временските услови. Досега е најавено и потврдено учеството на следните винарии: Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Шато Сопот, Попов, Попова Кула, Картал, Камник, Далвина, Вардарска долина, Брушани, Изворно, Дудин и Алтан.
Оваа богата винска понуда надополнета со богатиот асортиман на деликатесна храна го прави овогодинешното петдневно дружење задолжително и уникатно. Како и на изминатите изданија на фестивалот така и оваа седма по ред дружба со убаво вино, посетителите ќе имаат можност да си купат чаши и останати репрезентативни материјали (беџови, маички, дуксери и др.), продажбата ќе биде исклучиво со фестивалски купони.
Време е за убава есенска дружба од 16 до 20 октомври. Скопје ќе дише и мириса во боите на виното. Бидете дел од една различна приказна, Вино-Скоп 2013.