Ќе се стоплат училиштата и градинките во Ѓорче Петров
Во сите основни училишта и градинки во Општина Ѓорче Петров, општината обезбеди средства за греење за отпочнување на претстојната сезона.
-Дваесет илјади литри екстра масло за греење пред десетина дена се веќе испорачани во основните училишта „Димитар Поп Георгиев Беровски “, „Страшо Пинџур“,„Мирче Ацев“,„Ѓорче Петров“ и „Јоаким Крчоски“. Во трите клона на градинката „Росица“испорачани се вкупно 12.000 литри лесно масло за греење.Училиштата „Тихомир Милошевски“ и подрачното училиште „Јоаким Крчоски“ во с.Никиштане ќе потрошaт околу 175 кубни метра дрва и 30 тони јаглен, информираат од Општина Ѓорче Петров .
10.10.2013 - 12:19