Скопјани сеуште се смрзнуваат без парно

 

 

Сеуште се “смрзнуваат“ 45.000 корисници на топлинска енергија од општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба, кои ги користат услугите на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ). Од БЕГ велат дека се подготвени за почеток на грејната сезона, но сеуште чекаат менаџерскиот тим да го означи почетокот, пишува Вечер.

Од Регулаторната комисија за енергетика реагираат на ваквиот став на БЕГ, укажувајќи им дека е неопходно веднаш да почнат со испорака на топлинска енергија. Од Регулаторна потсетуваат на обврските кои БЕГ ги презеде со добивањето на лиценцата, а се содржани во Правилникот за топлинска енергија. Според правилникот, доколку условите се исполнети и пред официјалниот старт на грејната сезона, а тоа е 15 октомври, компанија треба да испорача топлинска енергија до сите потрошувачи. Од Регулаторна потенцираат дека ќе следуваат парични санкции или одземање на дозволата доколку компанијата не стартува со испораката мна топлинска енергија.

- Согласно член 44 од Правилата за снабдување со топлинска енергија беа исполнети условите за отпочнување на грејната сезона, бидејќи според Управата за хидрометеоролошки работи измерените температури во 21 часот беа пониски од 12 Целзиусови степени и со тоа има услови за отпочнување на грејната сезона 2013/2014 година, потврдуваат од РКЕ за Вечер.

10.10.2013 - 11:59
Фото: 
А1Он

најчитано сега