Котески му посака добредојде на новото воено атеше на Грција
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска се сретнал со новото одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис. На средбата присуствувал и досегашниот одбранбен аташе на Република Грција во Македонија, полковникот Христос Поулијанитис.
Според информациите од Министерството за одбрана, генералот Котески му се заблагодарил на полковникот Поулијанитис за неговата работа и стручен ангажман, како соодветен придонес во билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Грција.
Котески му посакал срдечно добредојде на полковникот Арабатзис.
10.10.2013 - 10:57
Фото:
МИА