Димовски работно во Москва
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Москва.
За време на посетата, министерот Димовски ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Василевич Фјодоров. Според најавите од МЗШВ на средбата ќе се разговара за понатамошното унапредување и проширување на соработката во земјоделството.
10.10.2013 - 09:02
Фото:
Сител