Груевски: Ако чекаат да не фатат на кондиција ќе се изначекаат

Од првиот ден до денеска, оваа влада, овие луѓе даваат се што е во нивна моќ и јас лично со нив, да го достигнеме тоа што сме го зацртале, тоа што сме го ветиле, да решиме што е можно повеќе проблеми. Со темпото со кое што започнавме, со тоа и продолживме и го зајакнавме, истакна вечерва пред охриѓани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пренесе Курир

Груевски потенцираше дека има уште многу проблеми, но посочи дека многу од нив се решени, многу од нив унапредени, многу проекти завршени.

-Гледам дека нашиот политички противник, така се збори, чекал да паднеме на кондиција, па ќе не фателе на кондиција. Мислам дека долго ќе се изначекаат ако чекаат на кондиција да не фатат, рече Груевски.

Тој подвлече дека останале со грижа за проблемите кои можат да ги решат и за кои имаат ингеренции.

-Останавме со грижата за пензионерите, безмалку секоја година правиме зголемување на пензиите. Дали некој од вас се сеќава дали имало зголемување на пензии од нашиот политички противник во минатото. Не може да се сети зошто немало. Ние три или четири пати ги намаливме драстично цените на лековите, рече Груевски, потенцирајжи дека Владата покажала грижа и кон најранливите категпории на граѓани.

Премиерот потенцираше дека стапката на невработеност се уште е висока, но дека истата е намалена за 10 отсто во последните 7 години.

-Од вкупно 7 години како ја имаме оваа доверба добиено, пет години земјата ја водиме во период на две крупни кризи, едната светска криза од 2008 до 2010 и втората европска должничка криза. Во еден таков период, успеавме со сите наши напори да ја намалиме невработеноста од екстремно високите 38 отсто на се уште високите 28 отсто, ама за 10 отсто е намалена. Тоа не беше лесно, ние ќе продолжиме да работиме на тој план, ние не сме задоволни со тоа што го имаме, рече Груевски.

Тој потенцираше дека неслучајно во последните години имаме зголеме број на инвеститори и тоа во тешко време, во време на криза кога инвеститорите помалку инвестираат отколку вообичаено.

Во однос на вработувањето на 1.600 лица од социјално ранливи категории, Груевски потенцираше дека знаеле оти од над 26.000 пријавени лица задоволни ќе бидат само тие 1.600, но подвлече дека останува фактот што им се помогнало на 1.600 семејства за кои податоците покажале дека најмногу го заслужуваат тоа.

-Завршивме еден крупшен проект за вработување на 1600 лица од социјално ранливи категории. Знаев и претходно дека од 26 ипол илјади, на крајот 25 илјади нема да бидат задоволни, а 1.600 ќе се задоволни. Го знаевме тоа и знаевме дека сите тие 25.000 тоа незадоволство ќе го насочат кон нас, но ние помогнавме на 1600 семејства за кои што податоците покажаа дека го заслужуваат тоа, рече Груевски.

 

 

 

 

09.10.2013 - 23:18

најчитано сега