Груевски од Струга најави нови 300 државни вработувања

 

Она што го зборувавме и ветувавме дека ќе останеме во контакт со народот, тоа и го правиме. Веќе седум години по ред секоја година присуствуваме на јавни трибини и разговараме со граѓаните... Се трудиме да ги дефинираме проблемите и да ги решиме, затоа сме во постојан контакт со народот, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на трибината во Струга, пренесе Курир

-Се додека ја имаме довербата на граѓаните ќе работиме многу, турбо и посветено, исто како и до сега 15 часа на ден. Останавме доследни и на спроведување на реформите. Почнавме со реформи во разни области и не застанавме, истакна Груевски.

Пред стружани, тој додаде дека ќе продолжи грижата за пензионерите за кои е најавено ново зголемување на пензиите, како и грижата за социјаните случаеви.

-Сега имаме и една нова мерка која ќе овозможи на 300 лица со посебни потреби, хендикепирани лица да добијат вработување во државниот и јавниот сектор. Тоа е следниот чекор што планираме да го направиме, рече Груевски

Најави и дека продолжуваат активностите во делот на инфраструктурата, како и градба на водоводи и енергетски објекти.

Здравството, образованието и на борбата против криминалот и корупцијата исто така се во фокусот на оваа Влада, рече премиерот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред стружани подвлече дека ќе останат фокусирани на сите работи кои може да предизвикаат подобар живот за народот.

09.10.2013 - 19:45

најчитано сега